Балкан

13 март, 2018

„Звук улице“ се реактивираат за концертот на Антон и „Хеви хипи бејби“

Легендарниот белградски состав од периодот пред новиот југословенски бран и групата од која подоцна беше создадена „ВИС Идоли“, „Звук улице“ повторно се активира на музичката сцена. Имено, оригиналните членови на групата: Кокан Поповиќ (тапани и вокал), Влада Дивљан (гитара и вокал), Зденко Колар (бас, придружен вокал), Драгана Милковиќ (клавијатури, вокал) и Бора Антиќ (саксофон), имале идеја за повторно собирање на оригиналната постава уште пред неколку години, но ненадејното и прерано заминување на Дивљан, меѓу другото, ги запре плановите за реактивирање на групата.

Со новите млади сили Милош Милосављевиќ (гитара) и Дуле Трнавец (саксофон), Кокан, Драгана и Зденко одлучија дека „Звук улице“ мора да живее! Во студиото „Дигимедија“, музичарите периодов работат на финализацијата на својот нов албум во продукција на Којо (Дисциплин А кичме), а во среда, 21 март, „Звук улице“ ќе настапи како специјален гостин на концертот на новиот бенд на Небојша Антонијевиќ Антон – „Хеви хипи бејби, со кој ќе биде отворена втората регионална музичка конференција „Контакт“.

Додека очекуваме нов материјал од легендарниот состав, уживајте со нивниот настап во 2016 година, по повод 40-годишнината од основањето на бендот.



Врати се горе ↑