Аудио zb3

1 април, 2013

„Звонцекова биљежница“ објави нов сингл со Петар Јањатовиќ

Култниот состав на чело со Тозa Рабасa подготви нов студиски албум кој го најавува со синглот „Само право“, во кој гостува Петар Јањатовиќ, познат музички новинар. Звонцекова биљежница (Zvoncekova bilježnica) привршува со работата на новиот албум насловен „Беш музику уз коју не може да се игра“, а ќе го наследи изнадието „Гаврилов принцип“, издадено во 1998 година.

Албумот е сниман во студиото Чешњак кај Вујо (гитарист и вокал на бендот) во Крагуевац: „Планираме да го издадеме наскоро, можеби за месец дена, под етикетата на нашите издавачки куќи ’Непријатељ прелази ријеку’ и ’Бесплатан преглед’ на VMA records“ – вели Тоза Рабаса, лидерот на бендот, кој новиот албум го дефинира во свој стил – како австроунгарско/перуанско/шумадиско диско-панк разбивање, додавајќи дека ова е нивниот најзрел албум.

Во најавниот сингл од албумот, „Само право“, учествуваше и Петар Јањатовиќ, а на прашањето како дојде до оваа соработка, Тоза изјавил: „Минатото лето се најдовме во Крагуевац на еден фестивал и јадевме пилешки крилца кај Вујо, се напивме неколку пива и на шега предолживме и тој да изјави нешто за дневникот. По четиринаесеттото пилешко крилце одлучи и да пропее.“

Песната „Само право“ можете бесплатно да ја преземете од овде.



Врати се горе ↑