Аудио s-e

2 декември, 2015

Зошто Сиа секогаш носи перика?

Австралиската ѕвезда Сиа гостуваше во емисијата на американската комичарка и водителка Елен ДеЏенерис, со којашто разговараше за нејзиниот нов албум „This Is Not Acting“, најавен со сингловите Alive“ и Bird Set Free. Меѓу другото, водителката се обиде да го дознае одговорот на прашањето што сигурно многумина си го поставуваат – зошто го крие лицето зад перики и огромни шапки?

Одговорот е мошне едноставен, а тоа е привилегијата што ја уживаме само ние, обичните смртници – анонимноста. „Тоа го правам за да можам слободно да одам во продавница и да го купам тоа што ми треба или пак ако не можам да пронајдам слободен тоалет, да одам по потреба покрај патот, а притоа да не ме ловат папараци“, рече таа на шега.

 

Пејачката го отпеа и нејзиниот сингл „Alive“, а деновиве објави уште една песна од претстојниот албум, кој ќе пристигне на 29 јануари следната година. Станува збор за темата насловена „One Million Bullets“, која можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑