Свет no doubt looking hot

5 ноември, 2012

Зошто новиот спот на Ноу Даут е тргнат од YouTube?

Неодамна американскиот бенд Ноу Даут по десетгодишна пауза го изададе новиот албум, а пред неколку дена и видео записот за синглот „Looking Hot“. Меѓутоа за нешто помалку од 24 часа, спотот беше отстранет од видео серивисот YouTube. Спотот кој го режираше Мелина Матсукас, предизвика остри критики и реакции од американската јавност, бидејќи наведува на исмевање на американските домородци. Токму заради таа причина, членовите на бендот на нивната официјална страница објавија соопшение за јавноста, објаснувајќи ги нивните намери.

„Како мултиетнички бенд, самата основа ни е изградена од различност и почитување на другите култури. Не ни беше намера со новиот спот некого да навредиме, повредиме или да ги банализираме американските домородци, нивната култура или цивилизација. Иако се консултиравме со нашите пријатели, припадници на оваа етничка заедница, како и експерти за американските домородци од Универзитетот во Калифорнија, сега сфаќаме дека навредивме луѓе. Бидејќи се грижиме, спотот веднаш ќе го отстраниме од интернет. Музиката која нè инспирираше кога го основавме бендот, како и односите со нашите пријатели, семејства и фанови се изградени врз основа на почитување, единство и сеопфатност. Најискрено им се извинуваме на домородците и сите кои на каков било начин се најдоа навредени од спотот ’Looking Hot’. Ние едноставно не сме оние кои повредуваат.“ стои во соопштението на официјалната веб страница на бендот.



Врати се горе ↑