Македонија kid-singing

18 јануари, 2016

Зошто надарените деца ги откриваме во странство?

Младите македонски пејачи важат за големи фаворити во натпреварувачките шоуа што се емитуваат во земјите од поранешна Југославија. На младиот струмичанец Трајче Георгиев лани за влакно му избега победата во „Пинковите ѕвездички“, проект на српска телевизија, кој се пренесува на „Сител“. Голем фаворит во истото шоу годинава е Мартија Станојковиќ (14) од Куманово. Списокот со талентираните деца го дополнуваат и учесниците во „Ѕвездичките на Гранд“, емисија произведена во Србија, која ја пренесува „Канал 5“. Наши деца се натпреваруваат во различни емисии во Хрватска или во Босна и Херцеговина, за кои се информираме преку социјалните мрежи или Јутјуб. Се наметнува прашањето, зошто македонските пејачки таленти мора да ги открие некој друг и дали ние како држава имаме соодветна политика, програми за откривање таленти, за негување и промовирање на истите.

На оваа тема своите мислења ги споделија композиторите Томислав Таневски и Кире Костов, како и уметничкиот директор на евровизискиот проект на МРТ, Љупчо Мирковски, а што сè имаа да кажат, прочитајте во прилогот во „Дневник.



Врати се горе ↑