Балкан Lude Zene 2

29 јануари, 2013

Зоран Предин на гости кај „Лудите жени“

Ужичката група Луде жене во првиот сингл од претстојниот втор албум на позицијата вокал го покани да гостува легендарниот Зоран Предин, кој на 14-ти февруари ќе одржи концерт во Белград. Како што самите членови на групата кажуваат за себе, анархоидната шесторка од Ужице која својот најголем хендикеп, визуелната неатрактивност ја користат како свој најсилен адут, конкретни чекори направи во 2009 година и како круна на работата три години подоцна излезе првиот албум „Анахронија“.

По промовирањето на деби изданието, се посветија на работата на вториот албум, а увертира во целата приказна прави синглот „Моја драга“, снимен со доајенот Зоран Предин.

„Со Зоран се запознавме во 2011 година на Фестивалот Централ, каде што настапуваа Луде жене, а идејата за соработка веднаш потоа за прв пат ја спомена Зоран во некој од белградските неделници. Меѓутоа, соработката на песната „Моја драга“ всушност настана на наша иницијатива. Песната не е правена посебно за Зоран, ниту беше првично планирано тој да ја отпее. До таа идеја дојдовме подоцна, откако нумерата веќе беше готова. Забележавме дека Зоран би можел да и даде нов „филинг“, му предложивме да ја отпее, тој се согласи и тоа е тоа.“ – објаснил Радован Цицвариќ, гитаристот на Лудите жени, како дошло до соработка со познатиот музичар.

Со цел да ја претстават песната пред што поголема публика, Луде Жене им овозможија на сите нивни фејсбук фанови да ја преземат песната „Моја драга“, за која наскоро ќе биде објавен и видео запис.

„Сите песни за вториот албум се снимени, поголемиот дел во студиото Strip во Белград, а нешто и во Ужице во студијата Talija и Yojo. Материјалот во моментов e во фаза на миксање, а продукцијата ја потпишува Саша Јанковиќ. Очекуваме албумот да биде подготвен за публиката во март, кога би требало да почне и промоцијата, така што на пролет би започнале и со настапи.“ – ги открива плановите Зоран Ѓукиќ, тапанарот на Лудите жени.

Песната можете да ја симнете на овој линк: www.facebook.com/ludezene/, а можете да ја преслушате во продолжение.



Врати се горе ↑