Македонија 532425_4382461632551_661997734_n

25 декември, 2012

Зоран Маџиров за Нова Година со настап во Дубаи

Познатиот македонски џез музичар и перкусионист Зоран Маџиров за дочекот на Новата 2013 година ќе има новогодишен перформанс во Бурџ Ал Араб, еден од најпознатите и најлуксузни хотели во Дубаи. Бурџ Ал Араб (Кулата на Арапите) со височина од 321 метар е четвртиот по големина хотел во светот. Тој е изграден на вештачки остров 280 метри од познатата плажа Џумеира и е поврзан со копното преку посебен мост.

Маџиров е актуелен со неговиот последен албум „Roots of the roof: Balkano nuevo“. Во продолжение уживајте во неговиот настап на минатогодишниот Off Fest.

Извор: Без Пардон



Врати се горе ↑