Аудио zoran-iliev

30 декември, 2015

Зоран Илиев ви честита „Среќна Нова година“!

Талентираниот штипјанец, кој на публиката ѝ е најпознат по победата на „Макфест во 2011 година, Зоран Илиев неодамна ја објави својата нова песна, пригодно насловена „Среќна Нова година“, чиј автор на музиката и текстот е Дејан Панов, а аранжманот и продукцијата се дело на Јане Дунимаглоски. Песната е снимена во студиото за Тонска продукција при Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕСРА, од студентите во класата на м-р Валентино Скендеровски.

Во изминативе години, Зоран објави уште неколку песни, меѓу кои „Моја вистина“ и „It’s My Broken Heart“, а за Новата 2016 година вети дека ќе биде поактивен на музичката сцена: „Среќна Нова година на сите мои фанови, пријатели, пријателки, другари, другарки, роднини… Од срце Ви посакувам да имате многу здравје и да сте успешни на секое поле во животот! Се гледаме во 2016 со уште појако темпо и со многу повеќе музика!“, порача Илиев, чија празнична честитка е спакувана со текстуален видео запис, дело на „Јапонец пикчрс“, а како изгледа и звучи сето тоа погледнете во продолжение. Уживајте!

И.Ј.

 



Врати се горе ↑