Македонија

20 декември, 2018

Зоран Џорлев го промовираше цедето „Свирете ја зајди, зајди“

Во Македонската опера и балет, во салата „Империјал“ во 12 часот денеска се одржа промоцијата на најновото цеде „Свирете ја зајди, зајди“ на маестро Зоран Џорлев

Освен популарниот хит „Зајди, зајди“, чиј композитор е популарниот музичар, пејач и ТВ водител Драган Вучиќ, на цедето се сместени уште 14 инструментални македонски поп-хитови, отсвирени од виолината на маестро Џорлев.

Ова претставува логично продолжение на неговиот претходен ваков албум, на кој исто така се најде избор од македонски евергрини.

Извор и фотографии: Вистина.мк



Врати се горе ↑