Промоции zoran dzorlev

13 мај, 2013

Зоран Џорлев го промовира „Гласот на виолината“

Во среда, 15-ти мај, во Музејот на Македонската борба ќе биде промовиран новиот албум на Зоран Џорлев, насловен „Гласот на виолината“. На ова издание ќе се најдат 17 македонски народни теми обработени во ново руво, со малку помодерни аранжмани, но сепак многу блиски до секојдневниот слушател, меѓу кои и „Судбо моја“, „Јовано“, „Море сокол пие“, „Бело лице љубам јас“, „Не си го продавај Кољо чифлигот“, „Дафино вино црвено“...

„Овие македонски класици ми беа голем предизвик последниве две и пол години додека го работев овој музички материјал, зашто сепак не треба да си играме со народните теми… Како и последниот албум „Не кажувај либе“, се надевам дека и „Гласот на виолината“ ќе допре длабоко до секој слушател“ –  вели маестро Џорлев.

Снимени се и два видео записа за обработките на „Параходот“ и „Не си го продавај Кољо чифлигот“, кои ќе бидат премиерно прикажани на самата промоција. Цедето ќе биде во продажба од среда по цена од 150 денари на повеќе продажни места, а повеќе информации можете да најдете на неговата интернет страница www.zorandzorlev.com.

 

Извор: Вечер



Врати се горе ↑