Аудио

20 октомври, 2017

Зоран Алексиќ со ремикс на макфестовската песна на Лина Пејовска

15-годишната Пинкова ѕвездичка, Лина Пејовска, годинава за првпат настапи на фестивалот на забани мелодии, „Макфест 2017“, каде што и во првата полуфинална вечер и во финалето се натпреваруваше со одличната балада „Ако ме сакаш“, чии автори се Дарко Димитров (музика) и Елена Ристеска (текст).

Иако не освои ниту една награда, песната е одличен почеток за младата пејачка, од која сигурни сме дека допрва ќе слушаме уште многу. Доказ за тоа е и одличниот ремикс што го направи познатиот автор и продуцент Зоран Алексиќ, што на песната ѝ дава нова димензија и светски призвук, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑