Аудио zoi blaz

27 мај, 2013

Зои Блаж ја „води љубовта“: Слушнете ја новата балада

Зои Блаж деновиве ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Љубовта ме води“. Станува збор за балада чиј комплетен автор е Александар Масевски, гитарите ги отсвири Иле Спасев, а звукот на саксофонот доаѓа од добро познатиот „хикс“ Горан Папаз. Придружните вокали се на Билјана Пашариковска, Зои Блаж и Александар Масевски.

Фотографиите кои се прикажани во текот на песната ги направи Стефан Соколовски, а за прекрасниот изглед на Зои се поргрижија Глигор Бадев (шминка) и Дарко Делов од студио „Биондина“ (фризура). Во продолжение уживајте и дозволете и Вам да Ве води љубовта.

 



Врати се горе ↑