27 октомври, 2017

Змејко прави „Сам сè“

Охриѓанецот Марио Змејковски, или само Змејко, го објави видеото за својот нов сингл насловен „Сам сè“. Младиот хип-хоп артист се потпишува и како автор на стиховите, а битовите се на „Зентрикс битс“, додека миксот и мастерингот ги направи Дио. Видеото, пак, е во реализација на „Саундбокс рекордс“, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите и слушнете горе.

Инаку, ова е второ видео за Змејко, кој минатиот месец го екранизираше и синглот „33“, а љубителите на неговата музика можат да очекуваат уште многу соработки и проекти што ќе следат во текот на годинава.



Врати се горе ↑