Македонија zlatno-slavejce

4 април, 2013

Златно Славејче распишува аудиција за сите деца!

Советот за грижи и воспитување на децата на град Скопје ги известува сите деца на возраст од 7 до 12 години дека наместо да прашуваат како се станува Златно славејче, треба да ги фатат родителите за рака и да дојдат на aудиција!

Аудициите за хорот на фестивалот ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ ќе се одржат на 10-ти, 11-ти и 12-ти април, со почеток во 18 часот, во просториите на Советот за грижи и воспитување на децата на град Скопје, на улица „Илинденска“ бр.55. Повеќе информации на телефон 02 3221745.

„Златно славејче“ – бренд, од кој сите сме дел!



Врати се горе ↑