Галерија 3S3A7930

13 март, 2017

Златниот часовник одбројува

Во неделата во „Станица 26“, Вера Калин преку јавно читање ја презентираше својата книга „Бездомникот со златен часовник“ на познатиот настан „Twelve moons of jazz“. Младата авторка за „Ден на читателот“ во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ја доби наградата „Најчитан автор за 2016 година“ за ова нејзино дело.

3S3A7989

Оваа книга на Калин е приказна за еден бездомник, чиј живот застанал во минатото, онаму каде заедно со стрелките на неговиот часовник, запрел и животот на неговиот татко, би сторил сè за да избега од бедата. Деновиве тој златен часовник одбројува кон последната книга и сите читатели кои сè уште немаат допрено до зборовите и чувствата кои овој роман ги носи можат на Булеварот на книгите во Клуб Матица да ја збогатат својата колекција со ексклузивна книга потпишана од Вера Калин.

3S3A7931

Нејзини дела се „Бездомникот со златен часовник“ и „Ловци на светулки“.

Младата авторка ги доловува секојдневните чувства и желби на читателите истражувајќи ги општествените вредности и потреби преку зборовите напишани во нејзините дела.

3S3A8006



Врати се горе ↑