Свет 4475127_orig

26 февруари, 2017

„Златни малини“: Ова се најлошите филмови за 2016 година

Доделувањето на „Златните малини“ традиционално се одржува вечерта пред доделувањето на Оскарите, па на вчерашниот настан дознавме кои остварувања од 2016 година сме можеле без проблем да ги заобиколиме. Имено, најмногу награди на манифестацијата одржана во Калифорнија освоија филмовите „Бетмен против Супермен“ и „Америка на Хилари: Тајната историја на Демократската партија“. Двата филма освоија по четири „Златни малини“.

Филмот за Хилари Клинтон и Демократската партија ги освои наградите за најлош филм на годината, најлош режисер, најлош актер во главна улога (Динеш Де Соуза) и најлоша актерка во главна улога (Ребека Тарнер).

„Ова е апсолутно фантастично! Мојата публика го обожава фактот дека вие ме мразите. Ви благодарам“, порачал во видео порака Де Соуза, инаку автор на наградениот филм.

Golden_Raspberry_Award

Од друга страна, филмот „Бетмен против Супермен“ ги освои наградите за најлошо сценарио, најлоша двојка на големиот екран (Бен Афлек и Хенри Кавил) и најлош римејк/продолжение, додека Џеси Ајзенберг ја освои наградата за најлош актер во споредна улога.

Кристен Виг ја освои наградата за најлоша актерка во споредна улога, за улогата во филмот „Зулендер 2“.

Извор: Гардијан

 



Врати се горе ↑