Настани

30 јуни, 2017

„Златни денови“ во Кратово: Бината поставена, ѕвездите подготвени, забавата може да започне!

Кратово полека се обликува во град на забава, култура и музика. Бините се поставуваат, ѕвездите се подготвуваат, градот се полни и луѓето се раздвижени низ тесните улици и кули уживајќи во староградската кратовска атмосфера и ладниот планински воздух. Сите се во исчекување на првата ноќ од овогодинешната тридневна музичка манифестација „Златни денови“ во Кратово која се одржува 4 години со ред.

3S3A9447

И оваа година „Златни денови“ повторно ќе ги собере едни од најпознатите и најдобрите македонски и балкански ѕвезди. Четврта година по ред организаторите обезбедија содржини за сечиј вкус и за сите генерации овозможувајќи одлична забава за сите. Воедно, музичката манифестација традиционално ќе ја води единствената и феноменалната водителка, Лила Стојановска.

3S3A9467

Настапите на Бона Деа, Тара, Александра Јанева, Браво Бенд, Јордан Митев, Милица Кузмановска, Драган Којиќ – Кеба, Јана Бурческа и Слаткар ќе ја исполнат атмосферата во првата ноќ, петок (30.06.2017). Оваа е вечер посветена на македонска музика, кафански песни за душа и поп музика. Никој нема да остане рамнодушен при оваа синергија на незаборавни звуци, вокали и мелодии.

IMG_20170629_231240

Втората вечер, сабота (01.07.2017) се очекува да биде засенета од прекрасниот глас и ѕвездата на вечерта и на фестивалот, нашата најголема музичка „ДОНА“, балканската ѕвезда, Калиопи. Оваа вечер ќе настапат и етно составот „Вез“ од Штип, ортодоксните рокери „Пеперминт“ и новосаѓаните „Трибјут ту бјело дугме“.

program-web-ZLATNI-2017

По завршувањето на настапите во центарот на Кратово забавата ќе се пренесе во базен дискотеката Кратово каде музика ќе пуштаат познати македонски диџеи. Кратово се полни и се очекуваат гости од цела Македонија и од Балканот. Вратите на градот на кулите и мостовите се отвораат за сите кои сакаат уживаат во културата и атмосферата на овој прекрасен град.



Врати се горе ↑