Галерија

21 февруари, 2017

„Златната бубамара“ си го прослави 20. роденден

Хумор, музика и награди за најуспешните во минатата 2016 година беа дел од вчерашното јубилејно, 20. по ред издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“. Преполната сала во арената „Метрополис“ уживаше во шоуто приредено од популарниот актер и долгогодишен водител на „Бубамарата“, Сашко Коцев, неговиот колега Игор Џамбазов, како и бројни музичари што си заминаа дома со по некоја статуетка.

Легендарната група „Мањифико“, едната половина од дуото Маријана и Росана, лидерот на „Парни ваљак“, Тамара, Даниел, „Љубојна“, Џамбо Агушев и младата Антонија Гиговска се само дел од наградените на синоќешната манифестација. За сите кои не успеаја да присуствуваат на вчерашниот настан, како и оние кои ќе сакаат уште еднаш да уживаат во одличното шоу, снимката од „Златна бубамара на популарноста 2017“ ќе се емитува в петок, 24 февруари,  на „Канал 5“.

16807827_1384117191639415_8190697771430699980_n

Комплетниот список со наградени, како и фото-галерија од вчерашниот спектакл Ве очекуваат во продолжение.

Награда за животно дело – група „Мањифико“
Пеачка на годината – Тамара Тодевска
Трајни музички вредности – Росана Сариќ Тодоровска
Награда за големи достигнувања во радио – Лилјана Стоилковска
Опшествено одговорна компанија -Макпетрол
Утринска ТВ Емисија – „Здраво Македонијо“, Канал 5
Спортист на годината – Томи Стефановски
Спортист на годината – Игор Стефановски
ТВ забавно сатирична емисија – Фчерашни новости
За најголеми достигнувања во оперско симфониско и хорско музицирањe – Маестро Томислав Шопов
Трајни Музички вредности – Аки Рахимовски, „Парни ваљак“
Најпопуларна театарска претстава – „Животот е прекрасен“, МНТ
Најпопуларен мјузикл – „Чикаго“, МНТ
Млад актер на годината – Александар Михајловски
Актерка на годината – Јелена Јованова
Актер на годината – Никола Ристановски
Пејач на годината – Даниел Кајмаковски
Наjперспективна пејачка – Антонија Гиговска
Албум на годината – „Радио Љубојна“, Љубојна
Прва труба во Македонија – Џамбо Агушев
ТВ забавна емисија – Еден на еден

Фотографии: Фејсбук



Врати се горе ↑