30 јануари, 2018

Златна кампања за 7 години „Групер“

Најпознатиот сајт за групни попусти и лидерот во е-трговијaта во Македонија, Grouper.mk, оваа година го прославува својот 7. роденден, за кој како што велат е нивниот среќен број кој очекуваат дека ќе им донесе уште повеќе успешни зделки, заштеда и бројни задоволни корисници.

Како и изминатите две години, така и оваа година роденденот го прославуваат со кампањата Златни зделки, која е препознатлива по специјални, роденденски, перфектни зделки на кои никој не останува рамнодушен! Сигурно нема да одолеете ни на интересното видео, кое креативниот тим го припреми за најава на роденденската кампања.

Кампањата Златни зделки официјално започна минатата недела и до денеска се започнати 6 Златни зделки кои веќе остварија продажби од над 5.000 купони за само неколку дена. Во кампањата се вклучени брендовите за обувки Arthur’s, Оffice Shoes и Sketchers со попуст на веќе намалените цени на целиот асортиман; добро познатата ќебачилница Тетекс; МНТ со попусти до 50% на билети за фебруарскиот репертоар, гратис гориво за регистрирано возило од Петрол оил.

Oд денеска започна и шестата златна зделка, од Жан Митрев клиника, а од Grouper најавуваат и нови роденденски зделки кои ќе следуваат во текот на месец февруари. Дополнително, за прв пат во кампањата оваа година се вклучени и Златни хотели, како посебно катче со премиум-хотели од Македонија по специјални цени.

Овој седми роденден е навистина посебен за Grouper, бидејќи годинава добија и златно роденденско изненадување. Ко-соспветничката на „Групер“, д-р Нина Ангеловска, беше избрана од „Форбс и се најде на листата „30 под 30“ од триесет најдобри и најветувачки претприемачи на ниво на Европа.

Grouper.mk е главниот двигател на е-трговијата на македонскиот пазар од самиот почеток па до денес, со повеќе од 200.000 корисници. Изминатата година беа особено препознатливи по успешните маркетинг кампањи како Недела на храна #СкопјеГурман, извонредната Дестинација Македонија и секако најпознатата Black Friday акција, а како резултат на посветеноста и успешната работа и оваа година, по четврти пат се закитија со наградата за Најдобар сајт за е-трговија, како и Најдобар мобилен сајт и Најдобра мобилна апликација.



Врати се горе ↑