Настани zlatna-bubamara-na-popularnosta

24 јануари, 2014

„Златна бубамара“ се сели во „Борис Трајковски“?

За 17-тото издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ закажано за 19-ти февруари веќе се резеревирани 5 000 билети. Поради големиот интерес, од тимот на радио „Бубамара“ размисливаат дали од Универзалната сала каде што се одржува години наназад, да го преместат шоуто во поголема сала, а можно е тоа да биде арената „Борис Трајковски“, со цел да го гледа повеќе публика, пренесува Вест.

„Преку мрежата на ‘Мк тикетс’, веќе има 5000 резервации за билети, а тој капацитет го нема во Универзалната сала. Затоа сè уште размислуваме дали оваа година да ги жртвуваме магијата и интимната атмосфера на Универзалната сала, а со промена на локацијата во поголема сала да овозможиме шоуто да го гледаат повеќе луѓе“ – велат од тимот на „Златна Бубамара“ и додаваат оти конечната одлука ќе падне деновиве. Дополнително ќе биде објавен датумот кога стартува продажбата на билетите и продажните места.

Сценариото и гостите и годинава се држат во тајност, а мотото е веќе познато и е во сатиричниот стил на шоуто „Од пари се живее, не од воздух.“



Врати се горе ↑