Македонија zlatna-bubamara-na-popularnosta-12

2 јануари, 2013

„Златна бубамара“ ќе се одржи на 21-ви февруари

Манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ го скрои буџетот за 2013 година.

„Најпопуларната манифестација во нашата држава им соопштува на социјалците, пензионерите, политичарите и демонстрантите од позицијата и опозицијата дека подготовките за 16. издание на ’Златна бубамара на популарноста‘ се одвиваат во најдобар ред и дека сите заедно сме на вистинскиот пат за исполнување на нашата задача за заедничка среќа, толеранција, насмевки и љубов помеѓу луѓето и сличните на нив. Нашиот буџет е скроен и е полн со ставки што ја прочистуваат мислата, го облагородуваат духот и ги задоволуваат потребите на секој човек да се чувствува како човек. Музичкиот спектакл ќе се случи на 21-ви февруари во Универзална сала со присуство на најпопуларните музичари, уметници и јавни личности и, се разбира, пред будното око на голем број обезбедувачи на добриот хумор, забава и музика“ – стои во соопштението на штабот на Радио Бубамара.



Врати се горе ↑