Видео

25 февруари, 2019

„Златна бубамара 2019“ објавена на Јутјуб

22. издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ се одржа во четвртокот, на 21 февруари, а оние кои не успеаја да присуствуваат на настанот, имаа можност да ја погледнат вчерашната телевизиска премиера на „Канал 5“. Сепак, како што соопштија организаторите, заради големиот интерес од македонската дијаспора, целата манифестација е објавена и на официјалниот канал на Јутјуб на радио „Бубамара“.

Четиричасовното шоу исполнето со хумор, музика и награди сега можете да го гледате и во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑