10 ноември, 2017

Зимска идила во романтичното видео на Ед Ширан за „Perfect“

Популарната британска ѕвезда Ед Ширан го објави видеото за својот 4. по ред сингл од актуелниот албум „Divide“. Станува збор за темата насловена „Perfect“, чија екранизација е вистинска зимска идила, а на музичарот друштво му правеше американската актерка Зои Дојч. Снимањето се одвиваше за време на неговиот зимски одмор во Австрија, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑