17 март, 2017

„Жилети“ е новиот сингл и видео запис на Јелена Розга

Популарната хрватска пејачка екранизираше уште една песна од минатогодишниот албум „Модерна жена“, кој го објави непосредно пред новогодишните празници. Станува збор за темата насловена „Жилети“, чиј автор на музиката и текстот е Саша Лазиќ, а аранжманот го направи Аца Крсмановиќ, додека видеото е во режија на нејзиниот долгогодишен соработник Дарио Радусин.

„Како да се радувам сама на новите лета? Летаат солзи како да се гаѓам со жилети“, пее Јелена Розга во оваа нова песна, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑