31 јануари, 2013

Жика Тодоровиќ во новиот спот на Јелена Михаиловиќ

Талентираната српска виолончелистка Јелена Михаиловиќ го престави видео записот за композицијата „Gigue from cello suite No. 3“ од Јохан Себастијан Бах, во кој гостуваа познатите актери Срѓан Жика Тодоровиќ и Предраг Васиќ. Оваа млада музичарка која настапува под името Јела Чело, за српски Телеграф истакнала дека е пресреќна што соработувала со такви професионалци.

„Спотот го снимивме минатата зима, но поради монтажата одлучивме да го претставиме сега. Воодушевена сум што соработував со Жика Тодоровиќ, тој е голем професионалец, пред сè одличен човек. Исто мислење имам и за Предраг Васиќ, за кој сметам дека ќе стане легенда и ќе направи голема филмска кариера во земјата и во странство. Спотот е полн со улични свирачи и направен е налик романот „Оливер Твист“. Во оваа екранизација Жика игра улога на злобна личност, која на крајот станува добра и сè завршува со хепиенд.“ – рекла младата виолончелистка за Телеграф, додавајќи дека во план е и екранизација на нејзината нова нумера „Голема прашина“.

Инаку, Јелена Михаиловиќ (23) е родум од Ваљево и магистрирала на Музичката академија во Белград, а има освоено и бројни награди. Талентираната музичарка ги има објавено и преработките на хитови како што се „Bamboleo“, „Purple Haze“ и многу други.

 Извор и фото: Telegraf.rs



Врати се горе ↑