Балкан

22 јануари, 2019

Жестока кавга во „Ѕвездите на Гранд“ за оваа Македонка

Во последната емисија од првиот круг на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше 25-годишната Елена Миленковска од Скопје. Таа се претстави со песните „Не спомињи љубав“ и „Кошта ме“, а по нејзините изведби освои два гласа и тоа од Вики Миљковиќ и Ана Бекута.

„Има нешто што кај тебе на чуден начин ми се допаѓа. На моменти звучиш очајно. Немаш најдобра контрола на гласот. Првата песна ја отпеа многу убаво, мене ми се допадна. Имаш пејачки вештини“, изјави Бекута.

Марија Шерифовиќ истакна дека Елена знае да пее, но дека направила многу грешки. Јелена Карлеуша, иако не го даде својот глас, истакна што мисли за македонската кандидатка. „Јас мислам дека ти не си за оваа работа“, рече таа, а веднаш ја прекина Саша Поповиќ.

„Значи тука го имаме следниот случај – Ана сака да ја земе оваа кандидатка, Јелена вели дека не е за оваа работа. Имаме многу интересна ситуација, ќе видиме во следниот круг“, истакна Поповиќ, а Карлеуша додаде: „Мислам дека влегуваме во една фаза каде што можеме без маски и ракавици да зборуваме со сите вас, со години сме остри, а публиката е навикната да бидеме сурово реални. Публиката знае дали некој нешто ќе направи. Кога ги гледаш овие луѓе кои седат во студиото и немаат никаква реакција…“, рече Карлеуша, па Поповиќ застана во одбрана на нашата кандидатка истакнувајќи дека на првата песна добила апллауз.

„Па добро, доби аплауз затоа што тие се платени“, додаде Карлеуша, а Снежана ѝ порача да не биде безобразна.

„Според нас, таа отпеа многу убаво. И никој од жирито да не те земеше, ќе те земевме ние“, изјави Поповиќ.

Карлеуша повторно удри по Миленковска истакнувајќи дека нема харизма, нема енергија и дека е нула. Од друга страна, и Вики Миљковиќ имаше позитивен коментар за Елена, а Карлеуша иако мисли дека оваа кандидатка не е за пеење, единствено може да направи кариера доколку таа ѝ биде ментор.

Ана ќе ја учи и подготвува Миленковска за следниот круг, а како ќе се подготви останува да видиме. Нејзиниот настап во оваа епизода можете да го погледнете во продолжение (11. минута).

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑