15 јуни, 2016

Жешки сцени во новиот видео запис на Ник Џонас

Популарниот американски пејач и поранешен член на триото „Џонас брадрс“, Ник Џонас деновиве го претстави видео записот за неговиот нов сингл насловен „Under You“, во кој друштво му прави актерката од серијата „Убави мали лажливки“, Шеј Мичел.

Приказната во спотот се врти околу неговата поранешна девојка, за која Ник жали што ја пропуштил. Поради тоа седнува во автомобилот на сред ноќ и тргнува кон нејзината куќа, а расплаканата Шеј влегува под тушот, каде се препуштаат на страстите… После сѐ што видоа во видеото, фановите се понадеваа дека наскоро ќе слушнат вести и за нов пар во Холивуд, но славното дуо тоа или досега добро го крие или меѓу нив едноставно нема ништо.

„Кога почнав да работам, луѓето ме прашуваа што сум. Моментално излегувам со мажи, но не знам што ќе биде за 3 години. Никогаш нема да се етикетирам. На 50 години можеби ќе бидам со жена и што тогаш? Ќе кажам бев стрејт, сега не сум?“, изјави Шеј неодамна, нагласувајќи дека не сака етикети кога станува збор за сексуалноста.

За разлика од неа, Ник е 100% сигурен во својата сексуална ориентација, а после прекинувањето на 2-годишната врска со поранешната мисица Оливија Кулпо, пејачот ја заведе и 13 години постарата Кејт Хадсон, како и младата актерка Лили Колинс.



Врати се горе ↑