Галерија Slika_1

9 март, 2015

Женскиот град и македонските заводници успешно ги разгалија сите дами!

Жените задоволни од Женскиот град, македонските срцекршачи и големиот број на изненадувања во „Скопје сити мол“

Меѓународниот ден на жената, оваа година беше одбележан со посебно внимние од „Скопје сити мол“. Изминатите четири дена, од 5 до 8 март, Женскиот град им приреди несекојдневни изненадувања, панел дискусии, совети за убавина и здравје како и средби со најголемите македонски заводници. Во четвртокот, на 5 март дамите имаа можност да се дружат со македонскиот виртуоз на гитара, Влатко Стефановски, кој го најави и својот концерт на 21 март во Универзална Сала.

Игор Карачиќ и Стојанче Стоилов од РК Вардар на 6 март беа дел од Женскиот град, вистинско воодушевување за сите дами. Тие важат за едни од главните херои на теренот и вистински заводници помеѓу припадничките на понежниот пол. Саботата дамите имаа можност да се дружат со Атанас Николовски, најголемата кајакарска гордост во Македонија. Тој делеше подароци за жените, се фотографираше и даваше совети за тоа како може да се биде успешен кајакар.

Убав начин да се разнежнат и разгалат сите жени беше и појавувањето на чаирскиот романтичар, Владо Јаневски, кој за денот на жената, 8 март беше пријатно изненадување за сите дами, како дел од Женскиот Град во „Скопје сити мол“. Освен што делеше автограми, се фотографираше и крадеше воздишки, тој го најави и својот концерт, кој ќе се случува на 3 април во СЦ „Борис Трајковски.

Четири дена посветени само на дамите беше главната инспирација при реализацијата на овој мал град. Дополнително, сите посетителки имаа ексклузивна можност за зачленување во Женскиот клуб на „Скопје сити мол“, во кој сите членови би добивале интересни бенефиции и можности за забава и дружење.

Освен, изненадувањата од страна на Влатко Стефановски, Игор Караџиќ, Стојанче Стоилов, Атанас Николовски и Владо Јаневски, во склоп на Женскиот град се оддржа и едукативна панел дискусија од 05.03. до 08.03. Во четвртокот д-р Горица Дачевска говореше за поволностите на плазмо-лифтингот, а Сенер и Фатима Агушевски од „Hair Studio VIP“ дискутираа за темата „Од коса до уметност”.

Следниот ден, во петокот, нутриционистот Цеце Динева од „ЦД диет клуб“, се говореше  за вечната дилема „Диети – да или не?”, проф. д-р Љупчо Карески од „ОСТЕО ПРО“ на присутните ја објасни опасноста на тивката епидемија, остеопорозата, Биба Додева, претседателот на здружението за борба против рак „Борка”, го нагласи големото значење на самопрегледот на дојките, како еден од предусловите за рано откривање на карциномот на дојка, а Изет Цури, од меѓународниот институт за мода говореше за најпопуларната тема, „Жените и модата“.

Во саботата, на 7 март, д-р Даница Алачка Дукоска од „БиМек“, на панел дискусијата ја презентираше можноста за нови неинвазивни тестови за рано откривање на Даунов синдром и други хромозомопатии кај трудници и метаболни заболувања кај деца како за значењето на семејното чување на матичните клетки од папочната врвца кај новороденчињата. Д-р Катерина Станкова од ПЗУ „Д-р Ина“, дебатираше со присутните за примената на контрацепција и практикување редовни гинеколошки прегледи со цел чување на женското здравје, а д-р Љубица Боцевска Стаменков, од аптека „Виола“, зборуваше за органската козметика со медитерански цитрус и придобивките од користењето на истата. Дополнително, Ружица Денковска од „Биокулт“, ја долови идејата за одржување на нега на кожата и косата со природни органски масла, д-р Зоран Иванов, L2 крос-фит тренер и Ирена Иванова, крос-фитер од „Крос-фит Скопје“, зборуваа за синергијата на исхраната и спортските активности како совршена комбинација за оддржување на активниот и здрав начин на живот. Лидија Перчинкова, пак, визуелно ја претстави уметноста на шминкањето со производите на „Орифлејм“.

Имено, токму на празникот 8 Март, како дел од панел дискусиите, беше и Елена Трајковска, менаџер за продажба во „Спортвижн“ (Sportvision), која дискутираше за како да се направи најдобриот избор на вистинска технологија за време на спортските активности, Елена Антониевиќ, зонален менаџер на „АВОН“, зборуваше за развивање на кариерата на жените и можностите за заработка а д-р Нела Деспотовска од „Виталија“ даде корисни совети за здрава исхрана за модерната жена со динамичен животен стил.



Врати се горе ↑