Балкан

5 февруари, 2019

Жељко Самарџиќ во „Еден на еден“ пред концертот на 16 февруари

Легендарниот пејач Жељко Самарџиќ, кој беше и првиот добитник на наградата за особен придонес и афирмирање на музиката во регионот на неодамнешното доделување на регионалните музички награди МАС 2019, на 16 февруари ќе одржи голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, па по повод претстојната дружба со македонските обожаватели гостуваше и во емисијата „Еден на еден“.

Самарџиќ зборуваше за почетоците и времето кога никој на Балканот не го знаел, а тој растурал низ Русија. Призна дека работи на својот изглед и планира да ослабне пред концертот на 16 февруари во Скопје, како и дека многумина му велат да го врати стариот имиџ, но и дека нему самиот некогаш му е тешко да се навикне. Зборуваше и за ќерката Миња, за која откри дека е одлична пејачка, но мора да ја надмине тремата дека е ќерка на Жељко Самарџиќ.

Фотографија на Balkan Media.

Како што споменавме, концертот е закажан за следната сабота (16 февруари), а влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, во „Пола Југотон“ и во цвеќарницата „Розе“ – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.



Врати се горе ↑