Концерт spek-zeljko-samardzic

10 јануари, 2014

Жељко Самарџиќ на 15-ти февруари со концерт во Скопје

Познатата балканска ѕвезда Жељко Самарџиќ најавува неколкучасовен концерт во Скопје кој ќе се одржи на 15-ти февруари во „Метрополис арената“, а за овој настан во организација на „Балкан Медија“, арената ќе биде специјално адаптирана и за седење и за стоење.

Самарџиќ во Скопје доаѓа придружуван од својот бенд и е подготвен пред македонската публика повторно да ги испее хитовите кои што ја одбележаа неговата кариера и од музичар кој што пее туѓи песни низ кафулиња и дискотеки, направија еден од најдобрите пејачи на Балканот: „Грлица“, „Покажи ми шта знаш“, „Безобразно зелене“, „Љубавник“, „Зауставите Јануар“, „Ја кунем се у љубав“, „9.000“ и се разбира неговите последни хитови „Камелеон“, „Све што имам немам“, „Компас за љубав“ и „Песнице и шарм“.

 

Во месецот посветен на виното и љубовта, организаторот го носи пејачот – синоним за љубов и воедно најавува изненадување за сите кои на 15-ти февруари ќе бидат во „Метрополис арена“.  Влезниците се веќе пуштени во продажба на стандардните продажни места: Пола Југотон, Цвеќара Розе Веро 2, Камарад Рамстор и многу други локални места низ државата. Цената на влезниците е: партер стоење – 400 денари, партер седење – 600 денари, ВИП галерија стоење – 600 денари, ВИП галерија седење – 700 денари, ВИП партер – 700 денари.



Врати се горе ↑