Балкан serbia_Zeljko_Joksimovic

14 февруари, 2013

Жељко повторно соработува со Леонтина

Жељко Јоксимовиќ и Леонтина Вукомановиќ повторно станаа музички тандем. Поранешната двојка повторно работи заедно и тоа благодарение на неговата сопруга Јована. Тој деновиве претстави дел од неговиот нов сингл, кој ќе биде насловен „Лудак“, а откри дека песната ја работеше заедно со Леонтина; музиката и текстот ја потпишува Леонтина, додека Жељко е автор на композицијата и нејзин изведувач. Песната е испратена во Њујорк на мастеринг кај повеќекратниот добитник на Греми, Џејмс Круз.

Како што пишува спрски Блиц, иницијатор за помирувањето на Жељко и Леонтина е неговата сопруга Јована, која за време на гостувањето на Леонтина во ТВ Пинк ги чула нејзините нови песни и сфатила дека нивната повторна соработка би била полн погодок. По неколку дена песната била готова, а Леонтина и Жељко не го криеле задоволството од обновената соработка.

„Со оваа песна изглегов од таканаречената рутина и многу сум задоволен од тоа. До повторна соработка со Леонтина дојде благодарение на мојата Јована. Направивме песна која ќе ги помести стандардите и сигурно ќе биде хит“ – изјавил Жељко.

Леонтина преку соработката со Жељко физички се врати на естрадата, а за Блиц открила дека подготвува уште неколку песни со поранешното момче: „Со Јована соработувам со задоволство и таа беше врската помеѓу мене и Жељко, бидејќи таа му ги предочи моите нови „машки“ композиции кои ги направив во еден ден, а не сум имала визија за кој ги правам“ – рекла Леонтина.

Покрај Јована, според зборовите на Леонтина, за обновена соработка е виновна и Милица Митровиќ, која веднаш рекла дека композициите се родени за Жељко: „Милица веднаш имаше идеја дека моите песни се како створени за Жељко, а кога воспоставивме контакт и кога се финализираше песната „Лудак“, сфатив дека Жељко  е одамна недостижен и едноставно не престанувам да ги слушам тоновите кои ги донесе неговиот аранжман, свесне дека ја направивме најдобрата песна од сите постоечки во последните 20 години“ – додала Леонтина.

Леонтина и Жељко најголемиот успех го постигнаа со антологискиот евровизиски хит „Лане моје“, за кој таа го напиша текстот, а тој музиката, аранжманот и продукцијата. Заедно ги направија и песните „Леђа о леђа “, „Црно па се не види“, „Кад праве љубави гину“ и други.



Врати се горе ↑