Концерт 1004416_470322946389826_2076817226_n

8 јули, 2013

Жељко Јоксимовиќ со концерти во Дојран и Охрид

Балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ летово ќе одржи два концерта пред македонската публика. Првиот закажан за 2-ри август (Илинден) ќе се одржи Паркинг Гранит во Дојран, а веќе следниот ден на 3-ти август, Жељко ќе има концерт во Охрид на стадионот Билјанини Извори. 

Пејачот доаѓа во полн состав заедно со неговиот Тексас бенд, а на концертот кој ќе трае повеќе од два и пол часа, ќе се отпеат најголемите хитови како „Љубави“, „Није љубав ствар“, „Лане моје“, „Девојка“, „Либеро“, „Дрска жено плава“, „Вретено“ и многу многу други.

Во моментов Жељко е актуелен со неговата најнова песна „Лудак као ја“, а концертите во Дојран и  Охрид се дел од неговата актуелна турнеја низ Европа. Организатор на концертот е Мастер Тим Продукција. Покрај Жељко на концертот ќе има и специјални гости.

Билети во претпродажба можете да набавите преку продажната мрежа на Купи карти за сè.

 



Врати се горе ↑