Балкан

29 август, 2018

Жељко Јоксимовиќ никогаш повеќе на Евровизија

Еден од најпознатите пејачи на овие простори, Жељко Јоксимовиќ постигна завиден успех на Евровизија, но сега е суров кога станува збор за неговото повторно учество. Имено, Жељко отсечно одговори дека веќе не сака да пее на овој фестивал, и постои причина за тоа.

„Никогаш повеќе како изведувач, па тоа е наместено, нели?“, изјави пејачот за „Мондо“.

Со песната „Лане моје“, Јоксимовиќ го освои второто место во 2004 година во Истанбул, а во 2012 година во Азербејџан со песната „Није љубав ствар“ го освои третото место. Тој уште трипати индиректно беше учесник на фестивалот, потпишувајќи се како автор на третопласираната „Лејла“ (2006) за босанскиот претставник Хари Варешановиќ, на шестопласираната „Оро“ (2008) на српската претставничка Јелена Томашевиќ и во 2015 на темата „Адио“, со која колега Кнез ги бранеше боите на Црна Гора и го освои 13. место.



Врати се горе ↑