Концерт

25 јули, 2019

Жељко Јоксимовиќ на 3 август на „Билјанини извори“ во Охрид

Една од најголемите ѕвезди во регионот, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ ова лето доаѓа во нашиот „бисер македонски“ – Охрид, со уште еден во низата на успешни концерти. Концертот е закажан на 3 август на стадионот „Билјанини извори“.

„Ја обожувам македонската публика, едвај чекам да настапам во прекрасниот Охрид. Неверојатно е чувството да настапиш пред десет илјади публика која во еден глас ги пее сите твои песни, дефинитивно ќе биде една незаборавна ноќ! Затоа ќе ги поканам сите да се придружат и ќе им ветам дружба и забава која не била приредена подолго време“, порача музичарот.

Миленикот на сите генерации ќе приреди голем спектакуларен концерт за паметење, кој ќе трае и повеќе од 2 часа. На концертот ќе се отпеат најголемите хитови како „Љубави“, „Није љубав ствар“, „Лане моје“, „Девојка“, „Либеро“, „Дрска жено плава“, како и поновите хит песни на Жељко како што се „Дама“, „Звезда“, „Рањена ѕвер“, „Милиметар“, најновата „Можда је то љубав“ и многу многу други.

Концертот е во организација на продукцијата „Прагма“, а влезниците по цени од 500 и 700 денари се во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ и онлајн на www.kupikartizase.com.

Gepostet von Pragma music entertainment am Donnerstag, 18. Juli 2019



Врати се горе ↑