Балкан the-voice-logo

10 јануари, 2013

Жељко Јоксимовиќ и Леонтина Вукомановиќ ментори во „The Voice“

Некогашниот пар Жељко Јоксимовиќ и Леонтина Вукомановиќ повторно ќе се сретнат на едно место. Имено, двата музичари се во трка за потенцијални ментори во новото музичко шоу „The Voice“, кое ќе се емитува на телевизијата Пинк, која неодамна ја откупи лиценцата за прикажување.

„Подготвуваме до сега невидено шоу во регионот. Сигурни сме дека гледачите ќе бидат задоволни од нашиот избор на ментори за ова светско талент шоу“ – порачале од прес службата на тв Пинк. Леонтина изјавила дека без размислување би прифатила да биде ментор во „The Voice“.

„За такво шоу мора да се одберат најдобрите. Луѓе кои се успешни во својата работа не чувствуваат анимозитет. На крајот, целта е новите лица да се промовираат на вистинскиот начин. Инаку, Тhe Voice е најдобро осмислено шоу од тој формат. Ги има сите елементи на вистински музички натпревар. Кога ќе започне емитувањето во Србија, ниту едно шоу нема да му парира. Без размислување би ја прифатила поканата да бидам во жирито. Секој композитор, текстописец, едукатор посакува таков ангажман“ – изјавила Леонтина за српски Курир.

Во американското издание на ова шоу, дел од жирито до сега беа Кристина Агилера, Си Ло Грин, Адам Левин од Марун 5, а во новата сезона ќе ги видиме и Ашер и Шакира.



Врати се горе ↑