Балкан zeljko_joksimovic-XxXx80

6 ноември, 2012

Жељко Јоксимовиќ ги „откачи“ босанците

Спрскиот пејач Жељко Јоксимовиќ го откажа неговиот концерт во Нови Травник во БиХ, и тоа само неколку минути пред да се качи на сцена. На оваа негова одлука влијаел неплатениот хонорар кој со организаторите на концертот се договорил целокупната сума да му биде исплатена 10 дена пред настапот, но тоа не се случило. Но и покрај тоа, Јоксимовиќ дошол во спортската сала каде што до последниот момент чекал да му биде исплатен трудот. Бидејќи тоа не се случило, пејачот решил воопшто да не излезе на бина. Таа вечер салата била полна до последното место, концертот било долго најавуван и фановите едвај чекале да ги запеат познатите рефрени заедно со него, но сите си заминале разочарани.

Менаџерот на Јоксимовиќ, Бане Обрадовиќ за босанските медиуми изјавил дека бината била монтирана, музичарите се качиле на неа, но не и Жељко. Агенцијата „Дрим Тим“ не му го исплатила хонорарот според договорот, па од концертот не бидна ништо.

Од цел овој немил настан, најголема штета претрпела публиката која дала пари за карти, но и покрај одложувањето на концертот, парите не им се вратени.


Извор: Kurir-info.rs



Врати се горе ↑