Концерт Zeljko Bebek

25 јануари, 2016

Жељко Бебек со ексклузивен роденденски концерт во Скопје

„Авалон продукција“ со големо задоволство ви го најавува својот втор проект за 2016 година – ексклузивен гала концерт на еден од најголемите рок пејачи на Балканот на сите времиња, извонредниот Жељко Бебек, на 5 март во арената „Борис Трајковски“. Човекот кој што со „Бијело дугме“ ги сними првите 6 антологиски албуми: : „Kad bi bio bijelo dugme“, „Šta bi dao da si na mom mjestu“, „Eto! Baš hoću!“, „Bitanga i princeza“, „Doživjeti stotu“ и „Uspavanka za Radmilu M.“, за првпат доаѓа во Скопје со свој соло концерт и со досега невидена формација, со 60 луѓе на сцена: симфониски и тамбурашки оркестар, како и неговиот матичен бенд, кој ќе го придружува Бебек на сцената.

Скопскиот концерт на Жељко Бебек е во рамките на концертната турнеја што претставува круна во неговата кариера, во која оваа рок легенда слави 40 успешни години на музичката сцена во овие простори.

Харизматичниот Бебек на југословенската рок сцена се вивна во почетокот на седумдесеттите како фронтмен на „Бујело дугме“ и стана синоним во најплодната музичка ера на групата. Како заштитен знак на групата, Бебек ги отпеа незаборавните: „Sve će to, mila moja, prekriti ruzmarin, snjegovi i šaš “, „Ne gledaj me tako i ne ljubi me više“, „Tako ti je mala moja kad ljubi Bosanac“, „Doživjeti stotu“, „Bitanga i princeza“, „Ima neka tajna veza“, „Selma“, „Odlazim“, „Što bi dao da si na mom mesto“,  „Sanjao sam noćas da te nemam“ – песни кои што скопската публика ќе има шансa да ги слушне во негова изведба заедно со симфониски оркестар.

На претстојниот скопски концерт, освен хитовите на „Бијело дугме“, публиката во речиси 3-часовно музичко патување ќе има можност дa ги чуе и хитовите од неговата соло кариера.

Детали околу продажбата на билетите за концертот на Жељко Бебек, ќе бидат објавени наскоро.



Врати се горе ↑