Видео 12654211_996989883702302_7603352201432668381_n

25 февруари, 2016

Жарко Стојкоски од „Идол“ со одлична преработка на хит од Оливер Мандиќ

Талентираниот Жарко Стојкоски, кој го паметиме од учеството на првиот „Македонски идол“, а подоцна и како дел од групата „Ол рајт“, деновиве ја претстави својата преработка на хитот „Одлазим, а волим те“ од Оливер Мандиќ. Оваа воедно е и прва негова преработка која доби своја екранизација, за која се погрижија самиот Жарко и Кристијан Стојкоски, а на гитара го придружува Андреј Маркоски.

Жарко, кој е професор по музичко образование во средното училиште „Св. Наум Охридски“ во Македонски Брод, зад себе ги има уште неколку преработки на познати хитови, кои можете да ги слушнете на неговиот официјален канал на Јутјуб, а неговата верзија на „Одлазим, а волим те“ Ве очекува во продолжение. Уживајте!

И.Ј.

 



Врати се горе ↑