Настани Cabaret

25 октомври, 2012

„Жаде“ и ДЈ Агустино викендов во Гевгелија

Звукот на ориентото викендов ќе одекне во Гевгелија. Ориентални танчерки и турска музика ќе бидат мевлем за очи и уши. Овој петок, 26ти октомври, во НЕКСТ клуб Прицес Казиното во Гевгелија ќе може да се ужива на несекојдневен и необичен начин. Забава која ќе Ве остави без здив.

Во сабота, 27ми октомври, присутните ќе се забавуват со музика од еден од најдобрите диџеи во моментов, ДЈ Агустино, додека пак во недела љубителите на ретро музиката ќе се забавуваат до зори.

Забавата ќе започне уште од денеска кога ритамот на латино музиката ќе биде виновен за одличната атмосфера. Латино музика во живо, звуци на кои никој нема да остане рамнодушен.



Врати се горе ↑