Видео татјана

8 ноември, 2017

Згодна баба од Куманово ја запали сцената на „Никад није касно“

Татјана Јовановска од Куманово го запали студиото на регионалното музичко шоу „Никад није касно“, односно „Никогаш не е доцна“, со својата енергија, глас, но и со изгледот. Оваа 45-годишна кандидатка доби комплимент од Рада Манојловиќ дека е вистинска мачка, а кога слушна дека на 39 години станала баба, жирито остана без зборови.

„Еве ви рецепт за младост. Завршете убаво училиште, веднаш стапете во брак и видете како ќе изгледате на 45 години“, кажа Жика Јакшиќ.

„Кога сè ќе почнете навреме, вака изгледа една баба, а кога не, вака изгледа еден тато“, рече Саша Милошевиќ, алудирајќи на себе и на тоа дека на 47 години стана татко.

Татјана пред публиката и жирито се претстави со „Пут путујем“ од групата „Магазин“ на чии први тактови Рада и Жика веднаш заиграа.

Инаку, Татјана, која му е сопруга на познатиот музичар Нино Величковски, на сцената блесна во темнозелена тоалета во која ја истакна својата става, имаше прекрасна фризура и едноставно изгледаше како вистинска ѕвезда. Таа живее во Куманово и има свој бутик, а музиката е само нејзино хоби, но веројатно сè досега откако го освои регионот.

 

Целосниот настап можете да го погледнете во продолжение на 13:52.

Извор: Вистина



Врати се горе ↑