9 мај, 2013

Зелено Светло- нов сингл на Сара Маркоска

Победничката на најпрестижниот македонски фестивал на забавни мелодии Макфест 2012, Сара Маркоска, конечно ја израдува својата публика со нова песна која истовремено доби и видео запис. Во нумерата „Зелено  светло“ што е снимена во студиото на Дарко Димитров, а е авторско дело на хитмејкерот Лазар Цветкоски со текст на Магдалена Цветкоска Ена, на Сара и гостува еден од најдобрите Р&Б артисти во Македонија- Панчо од ДНК.

„Пресреќна сум што конечно излезе во етер мојот нов сингл и мојот прв спот. Панчо ми направи огромна чест не само со тоа што ми гостува во песната и спотот, туку и со тоа што во еден здив го напиша текстот кој самиот го рапува. Песната е многу енергична во Р&Б ритам кој и самата го сакам и мислам дека ќе биде голем летен хит во кој ќе се пронајдат многу припаднички на понежниот пол“ – изјавува младата Сара.

Во видео записот кој што го работеше Томато Продукција, како вистинска музичка ѕвезда Сара се истакнува и со својата втора љубов – танцот, играјќи на секси кореографија од Јана Андреевиќ заедно со своите „колешки“ од балетското студио Еурека, каде што самата е член повеќе од 10 години. Еден прекрасен фустан од новата колекција на познатата дизајнерка Тања Кокев е дел од интересниот стајлинг на Сара во видео записот кој што се снимаше на неколку локации во Скопје. Песната и спотот деновиве ја доживуваат својата медиумска промоција, а Сара на публиката и најавува интересен летен проект од кој таа ќе биде дел.



Врати се горе ↑