Свет

19 јануари, 2017

Зејн се приклучи во екипата на филмот „Осумтемина на Оушн“

Студиото „Ворнер брадрс“ минатата година почна да работи на женската верзија на филмот „Единаесетмината на Оушн“, која ќе го носи насловот „Осумтемина на Оушн“, а во главните улоги ќе ги видиме актерките Сандра Булок, Кејт Бланшет, Ен Хетавеј, Сара Полсон, Хелена Бонам Картер и Минди Кејлинг, пејачката Ријана и раперката Аквафина, како и познатиот актер и режисер Мет Дејмон.

Сè поголема и листата на споредни улоги, меѓу кои се Кејти Холмс, Дакота Фенинг, Хејли Болдвин, Ана Винтур, Џејмс Корден, Кендал Џенер, па дури и Ким Кардашијан Вест, а сега им се придружи уште една музичка ѕвезда. Станува збор за некогашниот член на британската сензација „Уан дајрекшн“, Зејн Малик, кој минатата година успешно ја лансираше и својата соло кариера.

2ce0d_oceans8

 

Како што пренесуваат американските медиуми, Зејн ќе учествува во голема сцена на спектакуларен грабеж на вреден накит од еден музеј. Покрај ова, пејачот ќе има важна улога и во новата драма на Ен-би-си, која би требало да ги следи неговите искуства во текот на подемот и распаѓањето на бендот „Уан дајрекшн“.

„Осумтемина на Оушн“ е во режија на Гери Рос, кој го напиша сценариото заедно со Оливија Милч, а продуценти се Џорџ Клуни и Стивен Содерберг. Премиерата е закажана за 8 јуни 2018 година.

 



Врати се горе ↑