14 април, 2018

Зејн Малик со драматично видео за новиот сингл „Let Me“

Некогашниот член на „Уај дајрекшн“, Зејн Малик продолжува успешно да ја гради својата соло-кариера, а најновиот во низата хитови е темата насловена „Let Me“, која може да се опише како ар-ен-би химна за љубовниците. Пејачот и овој пат ги здружи силите со продуцентското дуо „Ем-Уај-Кеј-Ел“ (MYKL), кое му помогна и за мошне успешниот деби-сингл „Pillowtalk“, а драматичното видео во режија на бразилскиот режисер Хозе Падиља и во кое се појавува актерот Стивен Бауер, е всушност продолжение на приказната од дуетот со Сиа, „Dusk Till Dawn“.

Живот полн со интриги, напнати сцени и неизвесен крај – вака може да се опише и оваа интересна драматизација на новиот сингл на Зејн, со кој пејачот го најавува своето долгоочекувано второ студиско издание што треба да се појави подоцна годинава, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте горе. Уживајте!



Врати се горе ↑