Видео zayn

6 февруари, 2016

Зејн Малик од „Уан дајрекшн“ дебитира на врвот на британската сингл листа

Поранешниот член на британската сензација „Уан дајрекшн“, Зејн Малик неодамна ја започна својата соло кариера, а неговиот деби сингл „Pillowtalk“ оваа недела дебитира на првото место на официјалната сингл листа во Велика Британија. Освен тоа, продажбата на синглот во текот на првата недела, која изнесува импресивни 112.000 примероци, придонесе да стане и најпродаваниот сингл за 2016 година.

 „Pillowtalk“ воедно е и најава за неговиот прв самостоен албум „Mind of Mine“, кој ќе биде објавен на 25 март годинава.

 

На високото четврто место се најде Ријана со новиот дует со Дрејк насловен „Work“, но се очекува повисок пласман во наредните недели, а деновиве треба да биде објавен и видео запис. Овој сингл е и вовед во долгоочекуваниот албум „Anti“, кој после повеќе одложувања, конечно беше објавен на 28 јануари годинава.

 

На албумската листа, пак, покојниот Дејвид Боуви доминира со дури 3 изданија, од кои две на првите две позиции. Најдобро пласиран новитет е новиот албум на Сиа, „This Is Acting“, кој се најде на третата позиција. Одличен пласман има и првенчето на Чарли Пут, „Nine Track Mind, кое се наоѓа на 6. место, додека големо разочарување е „Anti“ на Ријана, кој дебитира на 7. место.

Најпродаваните 10 синглови за оваа недела се: 

1. Pillowtalk – Зејн Малик
2. Fast Car – Џонас Блу и Дакота
3. Stitches – Шон Мендес
4. Work – Ријана и Дрејк
5. Love Yourself – Џастин Бибер
6. 7 Years – Лук Греам
7. Sorry – Џастин Бибер
8. All My Friends – „Шејкхипс“ со Тинаш и Ченс
9. History – Уан дајрекшн
10. When the Bassline Drops – Крег Дејвид и Биг Нарсти

 

Најпродаваните 10 албуми за оваа недела се:

1. Best of Bowie – Дејвид Боуви
2. Blackstar – Дејвид Боуви
3. This is Acting – Сиа
4. 25 – Адел
5. Purpose – Џастин Бибер
6. Nine Track Mind – Чарли Пут
7. Anti – Ријана
8. Nothing Has Changed – Дејвид Боуви
9. I Cry When I Laugh – Џес Глин
10. A Head Full of Dreams – Колдплеј

 



Врати се горе ↑