19 февруари, 2016

Зејн Малик ја претстави новата песна „It’s You“

Поранешниот член на британската сензација „Уан дајрекшн“, Зејн Малик со полна пареа работи на својот прв самостоен албум „Mind Of Mine“, кој ќе го објави на 25 март годинава. Младиот пејач, чиј деби сингл „Pillowtalk“ се искачи на врвот на топ-листите на двете страни од Атлантикот, веќе снима нов видео запис, а се претпоставува дека станува збор за екранизација на темата „It’s You“, која премиерно ја отпеа деновиве во емисијата на познатиот американски водител Џими Фелон (видео горе).

Зејн ја сподели веста на социјалните мрежи, објавувајќи ја оваа фотографија:

 



Врати се горе ↑