7 септември, 2017

Зејн и Сиа во акција „Од самрак до зори“

Некогашниот член на британската сензација „Уан дајрекшн“, Зејн Малик не планира да губи време, па само 18 месеци по излегувањето на неговото соло првенче „Mind of Mine“, тој веќе го најавува вториот албум со темата „Dusk Till Dawn“, во која гостува австралиската колешка Сиа.

Двајцата се потпишуваат и како автори на песната, а за продукцијата им помогна актуелниот добитник на Греми за продуцент на годината, Грег Крстин, додека филмската видео приказна е во режија на Марк Веб, со Џемајма Кирк во главната улога.

ZAYN-Dusk-Till-Dawn-feat.-Sia

Сè уште не се познати многу детали околу неговиот втор соло албум, но се очекува да биде објавен подоцна годинава или на почетокот на 2018 година. Малик минатата година беше актуелен и со соработката со Тејлор Свифт за темата „I Don’t Want To Live Forever“ од филмот „50 нијанси помрачно“, која неодамна беше прогласена за најдобра соработка на годинешното доделување на наградите за најдобри видеа на Ем-ти-ви.



Врати се горе ↑