Видео

10 јануари, 2019

Зејн го има можеби најдоброто видео досега за „Satisfaction“

Исполнето со дури 27 песни, второто студиско издание на британскиот пејач Зејн Малик не успеа да направи бум на топ-листите, иако очекувањата беа големи благодарение на огромниот успех на првенчето „Mind Of Mine“, кое во 2016 дебитираше на врвот на двете страни од Атлантикот. Имено, албумот насловен „Icarus Falls“, кој стигна во средината на декември минатата 2018 година, на Билбордовата листа успеа да стигне само до 61. место, а на домашен терен, во Британија застана на 77. место.

Сепак, се чини дека ситуацијата може да ја спаси еден од неговите најголеми адути – музичките видеа, а штотуку објавената визуализација за темата „Satisfaction“ можеби е неговата најдобра досега, чија режија ја потпишува Буа Казми (Bouha Kazmi), кој го режираше и видеото за деби-синглот „Pillowtalk“. Самиот Зејн се појавува само во неколку кадри, а фокусот е ставен на љубовна приказна што се одвива за време на војна. Како изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑