Аудио

3 август, 2018

Зејн ги здружи силите со Тимбаленд за новиот сингл „Too Much“

Откако нè почести со неколку филмски видеа, Зејн Малик продолжува да реди хитови во својата успешна соло-кариера, а како уште една најава за долгоочекуваниот втор албум стигна соработката со американскиот музичар и продуцент Тимбаленд. Станува збор за темата насловена „Too Much“, која сигурно ќе се искачи високо на светските топ-листи, особено ако биде поддржана со интересна екранизација.

Како што пишуваат американските медиуми, Зејн е на добар пат да биде новиот Џастин Тимберлејк. Освен што и двајцата започнаа успешни соло-кариери откако ги напуштија матичните бендови, Тимбаленд е виновникот за најголемите хитови на Џастин, а времето ќе покаже дали и оваа соработка со Зејн ќе биде добитна комбинација. Како звучи „Too Much“ дознајте во продолжение. Уживајтe!



Врати се горе ↑