Балкан zebra-dots

16 март, 2013

Зебра Дотс снимија нов видео запис

Популарниот регионален бенд Зебра Дотс, составен од музичари од Словенија и Хрватска, деновиве го претставија нивниот нов видео запис за нумерата „Don’t Try“, кој го снимија во Белград, каде што одржаа концертна промоција на новиот албум, гостуваа во повеќе медиумски куќи, а по забележителниот настап веќе ги нарекуваат регионални миленици.

„Don’t Try“ е песна за доблестите, трпението и взаемното почитување – зборува за слободата на избор и слободата генерално. Пораката на песната е живеј и пушти ги другите да живеат. Ми се допаѓа не само заради пораката, туку и за позитивната енергија која шири“ – оценил авторот на текстот, вокал и продуцент Кoolade.

Видео записот за овој сингл се задоврзува на работата од претходниот видео запис за „Walking On A Chance“ (претставен на почетокот на минатиот месец), и тоа во ентериерот на белградскиот Културен Центар ГРАД. И двата видео записа се снимени во Белград, а ги потпишува српскиот режисер и продуцент Јован Владимир Борка, а можете да ги погледнете во продолжение.

 

Извор: Story.rs/фото: Борут Петерлин (фејсбук фан страница на Зебра Дотс)



Врати се горе ↑