Настани ImageProxy

6 мај, 2014

Здраво Млади, Здраво Сигет!

Наградна игра за посетителите на фестивалот Здраво Млади!

Еден од најпрогресивните музички фестивали во Македонија, ЗДРАВО МЛАДИ и еден од најголемите мултикултурни настани во Европа, СИГЕТ ФЕСТИВАЛ, ќе доделат по една влезница за седум дена со кампување за Сигет Фестивал 2014 на двајца посетители на Здраво Млади 2014! За повеќе детали за наградната игра посетете ја нашата вебстрана  или вебстраната на фестивалот Здраво Млади!

ЗДРАВО МЛАДИ! (23 мај 2014, Скопје) е прогресивен музички фестивал, чија цел е понуда на квалитетна, свежа и алтернативна музика од светот. Познато е дека музиката ги спојува луѓето, но само добрата музика има моќ да ги обедини. Оттаму, младите од градот преку оваа најсвежа музичка програма на МКЦ, имаат можност подобро да се запознаат и да слушнат модерна и современа инди музика.

Инаетливо и повеќе од сигурно, се движат кон 4-то издание кое оваа година ќе се одржи на 23 мај 2014, на платото пред Младинскиот Културен Центар во Скопје. Досега најавени изведувачи се: светски популарниот американски бенд!!! (Chk Chk Chk) и еден од ланските хедлајнери на Сигет Фестивал, понатаму The Soft Moon (САД), Disciplin A Kitschme (Србија), Kleemar (Словенија), Фонија (Македонија) и TRUS! (Словенија) !

За повеќе детали посетете ја нивната вебстрана www.zdravomladi.com

 

СИГЕТ ФЕСТИВАЛ (11-18 август 2014, Будимпешта) е еден од најголемите мултикултурни настани во Европа. Започна во 1993 година и се подготвува за 22то издание. Фестивалот привлекува околу 400 000 фанови од над 70 земји, се случува на прекрасниот остров Обудаи во срцето на Будимпешта и нуди 7 дена летување и нон-стоп забава со најголемите светски музички имиња, со околу 200 настапи дневно и над 50 различни сцени.

Музика има за сечиј вкус, но не е сè само во врска со музиката. На Сигет има и театарски претстави, арт перформанси, кино, изложби, слем поезија, курсеви и работилници, арт маркет, циркус и комичари, кароке, банџи џампинг, спа, турски бањи и масажи, саем на невладини организации, зона за логички игри, јога, таи чи, спортска зона, светски кујни, мали барови и чајџилници, винска градина со најдобрите унгарски вина, фамилијарен камп со градинки за деца…  И, секако не заборавајте дека фестивалот се случува во центарот на Будимпешта, еден од најубавите градови во Европа.

За повеќе детали посетете ја локалната Сигет вебстрана: www.szigetfestival.mk 

 

 



Врати се горе ↑